Фереира: Задоволен сум од МВП наградата, но уште позадоволен сум што Вардар освои трофеј!

Вардар стигна до 16 трофеј во Купот на Македонија, откако го победи Еурофарм Пелистер со 26-25 во драматичен натпревар.

МВП на овој турнир беше Леонардо Дутра Фереира, кој со седум гола заедно со Моралес беше најдобар стрелец во победничкиот тим.

„Задоволен сум од мојот настап и од наградата МВП, уште повеќе сум задоволен што со мојата игра и помогнав на екипата да стигне до трофејот. Денеска бевме повеќе концентрирани за разлика од оној меч во Битола, не правевме многу грешки и загубени топки, и тоа беше една од причините покрај добрата одбрана што допринесе за победата“, вели Фереира.

Бразилскиот бек кој пристигна во февруари оваа сезона во „црвено-црниот“ тим, има уште една година договор.

Куп трофејот останува „црвено-црн“, Вардар најде лек за Еурофарм Пелистер!