Фарски Острови и Црна Гора триумфираа на ЕХФ шампионатите и обезбедија место на ЕП

Ракометарите на Фарски Острови се победници на ЕХФ шампионатот кој се играше во Варна, Бугарија откако во финалето во неизвесен и израмнет натпрeвар славеа против Белорусија со 31:30.

Во првото полувреме Белорусија постојано имаше предност од еден или два гола, а така беше и на полувремето кога водеа 18:16. И во продолжението Белорусите имаа постојано водство, но Фарските Острови не се предаваа и во 57. минута стигнаа до првото водство од 29:28. Потоа имаа и три позитива што беше доволно за конечен триумф.

Финалето на овој ЕХФ шампионат го судеа македонските судии Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Победникот на овој шампионат обезбеди учество на ЕП.

Во финалниот двобој на ЕХФ шампионатот во летонскиот главен град Рига, Црна Гора славеше над Холандија со 30-28 и обезбеди промоција на ЕП.