Фантастичниот Митревски донесе бод за Порто кај Фленсбург

Екипите на Фленсбург и Порто одиграа максимално неивесен натпревар во 13. коло од Лигата на шампионите. После голема борба и неизвесност натпреварот заврши без победник 26:26 а Митревски уште еднаш беше спасител на својот тим.

На голот на Порто уште една блескава партија имаше репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски. Тој натпреварот го заврши со 14 успешни интервенции од кои последната беше клучна за Порто да избегне пораз.

Порто добро започна и после првите десетина минути имаше водство од 4:6. Следуваше враќање на Фленсбург и преземање на водството со сериаја од пет гола за пет минути. Порто не дозволи противникот да се одлепи и одново беше нерешено. Сепак на полувреме Фленсбург замина со предност од 15:13.

Тимот на Митревски добро продолжи во вториот дел, веднаш го преземаа водсството и одржуваа минимална предност постојано. Натпреварот влезе во неизвесна завршница, прво Порто пропушти напад за триумф, а потоа и Фленсбург имаше шанса но Митревски го одбрани ударот на Менсах Ларсен и донесе бод за својата екипа.

Најефикасен во тимот на Фленсбург беше Орн Еинарсон со осум гола, а Готфридсон постигна пет. Во тимот на Порто, Мбенге со шест гола беше прв стрелец, додека Итуриза и Валдес постигнаа по пет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140