Уште шест средби во ЛШ до крај на годината, Вардар ќе игра во Унгарија

Меѓу натпреварите кои се закажани до крајот на календарската 2020 година има уште шест дуели од Лигата на шампионите.

На спиокот на средбите се наоѓаа три дуели од Групата А и уште три од Групата Б. Меѓу нив е и средбата меѓу составите на Пик Сегед и Вардар, која е  предвидена за 22 декември.

Иако ќе биде тешко да се игра после паузата поради коронавирусот, сепак, ситуацијата е таква што ќе мора да се одигра тој дуел во Унгарија.

На средбите кои се предвидени до крајот на оваа година најактивни ќе бидат две екипи во Групата Б. Мотор Запорожје и ППД Загреб ќе имаат по две средби така што ќе биде доста интересно за нив во следните денови.

Планот е до 23 декември да има средби од европските купови така што во продолжение можете да ги погледнете дуелите кои се закажани и табелите кои се актуелни во моментов.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

ЧЕТВРТОК, 17 ДЕКЕМВРИ

18:45ч

ЕЛВЕРУМ – МЕШКОВ БРЕСТ

КЕЛЦЕ – ПОРТО

ВТОРНИК, 22 ДЕКЕМВРИ

20:45ч

ПИК СЕГЕД – ВАРДАР

ГРУПА Б

ЧЕТВРТОК, 17 ДЕКЕМВРИ

18:45ч

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – ППД ЗАГРЕБ

НЕДЕЛА, 20 ДЕКЕМВРИ

13:30ч

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – НАНТ

СРЕДА, 23 ДЕКЕМВРИ

18:45ч

ЦЕЛЈЕ – ППД ЗАГРЕБ