Уште еден одложен натпревар во СЕХА од групата на Вардар

По двата меча меѓу Мотор Запорожје и српскиот првак Војводина, уште еден натпревар на украинскиот тим во СЕХА лигата е одложен.

На веб-сајтот на регионалното натпреварување беше објавено дека и трет натпревар на Мотор Запорожје ќе биде одложен за друг датум.

Мечот против Нексе Нашице, кој требаше да се игра во текот на утрешниот ден во Запорожје ќе се игра на 9 aприл.

Причината е епиидемиолошката ситуација во Украина, но сигурно свој удел има и политичката ситуација во оваа држава.

Вардар треба да игра со Мотор на 2 април во Запоржје, додека дуелот во Скопје треба да се игра на 17 мај.