Уште еден Македонец во Финска – Мартин Јовановски ќе го брани голот на ХИФК

По Игор Трајковски, Филип Чурлевски, Илија Крстевски и Јоаким Анѓеловски, уште еден македонски интернационалец оваа сезона ќе игра во финскиот шампионат.

Станува збор за Мартин Јовановски, кој ќе го брани голот на тимот од финската метропола, ХИФК.

Јовановски минатата сезона беше дел од Струга, имаше комбинација да остане во овој тим, но соработката не беше продолжена.

Битолчанецот потекнува од школата на Пелистер, беше дел од Еурофарм Работник, бранеше и за Охрид, а има интернационално искуство во алжирскиот првак ГСП Петролие.