Уште еден Германец во аут за СП: Виде нема да игра во Египет!

Како одминуваат последните денови од 2020 година, така се зголемуваат проблемите на германскиот селектор Алфред Гисласон.

По отказот на Винцек, како и повредите на Семпер и Сутон, откажа и десниот бек на Фуксе Берлин, Фабијан Виде.

„Секогаш со гордост сум играл за Германија и би сакал да бидам дел од Светското првенство бидејќи верувам во квалитетите на нашиот национален тим. Жал ми е што морам да откажам настап, но моето рамо не ми дозволува константни напори“, вели Виде.

Гисласон на десната бековска позиција ги има Хафнер, Шмит, Вајнхолд и Мецнер, па веројатно нема многу да се почувствува отсуството на Виде.

Планот на германскиот селектор е подготовките да почнат на 21 декември.