Ученикот го совлада учителот – Шампион со три бода против Ѓорче Петров

Ракометарките на Шампион го добија гостувањето на Ѓорче Петров со 36:29 во натпревар во кој беа во предност од првата до последната минута.

Победата за Шампион не беше загрозена во ниту еден момент од средбата. Постојано гостинките беа тие кои го диктираа резултатот. Имаа водство од првата минута кога направија 4:0 и потоа овие четири гола постојано ги зголемуваа.

Во еден момент разликата беше седум гола, кога Шампион водеше со 12:5. Тука веќе беше создадена доволно голема предност така што можеше да се одигра мирно. Затоа во финишот од првото полувреме дојде до опуштање, а на одмор беше 17:13 за гостинките.

Вториот дел од натпреварот донесе одново подобра игра од Шампион и овој тим се избори за зголемување на предноста. Истата порасна до седум погодоци, за конечни 36:29 што беше повеќе од доволно за нови бодови.

Овој дуел го одбележа двобојот на учителот со ученикот. Некогаш Владимир Радиќ и беше тренер на Валентина Радуловиќ во Кометал Ѓорче Петров, а сега неговата ученичка со својот тим успеа да го совлада на првенствен натпревар.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШАМПИОН    29:36 (13:17)

Сала: Христо Ботанџиев во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Јовановска, Грујоска, Велкова 7, Неделковска 3, Србиноска 8, Блажевска, Несторовска, Хасаноска, Василевска, Јованчева 3, Величковска 1, Галачева, Цветановска 7, Трпеска.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 12 мин.

ШАМПИОН: Јованова, Бадаровска, Димитриевска 8, Т. Богоевска 1, А. Богоевска, Неделковска 10, Филипова 4, Ристевска 1, А. Петровска, Маја Петровска, Миа Петровска 3, Бојковска 1, Јовановска 2, Урбан 2, Стојановиќ 4, Митевска

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 14 мин.