УНИКАТНО: Мајка и ќерка направија заеднички трансфер во иста екипа!

Екипата од Белорусија, Городничанка денеска објави уникатен трансфер во светскиот ракомет.

Во редовите на тимот истовремено се приклучија мајка и ќерка, кои беа промовирани како големи засилувања во клубот од Гродно.

Мајката, Јулија Булева, која има 39 години и нејзината ќерка, 17-годишната Полина Булева, решија во следната сезона заедно да настапуваат во дресот на Городничанка.

Полина Булова е една од најперспективните ракометарки во Белорусија, додека нејзината мајка, Јулија, неколку пати ја има освојувано шампионската титула во Белорусија и освен што игра ракомет, работи и како тренер во младинските школи во Гродно.