Унгарците сметаат на голманот на Еурофарм Пелистер – Секељ повикан за ЕХФ неделата

Унгарскиот селектор Иштван Гулјаш го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата од 1 до 7 ноември.

Гулјаш повика 21 ракометар, а меѓу трите голмани се наоѓа и чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељ.

Унгарците кои се домаќини на Европското првенство во јануари следната година во Ерд ќе одиграат пријателски натпревар со Босна и Херцеговина.

Гулјаш за оваа акција ќе смета и на натурализираните Педро Родригес и Петар Топиќ од Балатонфуреди, како и Стефан Сунајко од Татабања.