Унгарија со тројца натурализирани ракометари на СП – меѓу нив и еден поранешен на Пелистер и Металург

Селекторот на Унгарија, Иштван Гулјаш го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за Светското првенство во Египет.

На списокот се најдоа 21 ракометар, од кои само двајца се интернационалци – Золтан Сита од полската Висла Плоцк и Доминик Мате од норвешкиот Елверум.

Покрај нив селекторот Гулјаш повика и тројца натурализирани ракометари. Станува збор за левото крило на Татабања, Стефан Сунајко, десното крило Педро Алварез и пикерот Петар Топиќ од Балатонфуреди.

Хрватот Топиќ своевремено беше дел од Металург и од Червар беше најавен како „новиот Игор Вори“, но имаше кратка одисеја во Автокоманда, додека една сезона играше и за битолски Пелистер.

Сунајко има српско потекло, додека Родригез е Шпанец кој долги години настапува во унгарскиот шампионат.

На Мундијалот во Египет, Унгарија ќе игра во групата А, заедно со Германија, Уругвај и Капе Верде, и сигурно нема да има проблем да обезбеди место во главната рунда.