Унгарија со одлична вечер, ја надигра Шпанија во Евро Купот

Репрезентациите на Унгарија и Шпанија одиграа интересен натпревар во рамки на Евро Купот, a после неколку пресврти на крајот победата им припадна на Унгарците кои славеа со 30:28.

Натпреварот добро почна за гостинскиот тим. Унгарија отвори со 4:0, а потоа беше 6:1 и 9:3. Предноста ја одржуваа долго во првото полувреме, но Шпанија не се предаде и се врати во игра. До паузата успеаја да го свртат резултатот и да водат на полувреме со 15:14.

И во продолжението имаше неколку пресврти на резултатот, а на крајот подобро се снајдоа ракометарите на Унгарија и стигнаа до победата. Во последните пет минути се влезе со 27:27, следуваа два последователни гола на гостите кои беа доволни за триумф.

Во победничкиот тим најефикасен беше Бенце Банхиди со перфектни осум гола, а по четири гола постигнаа Сита и Мате. Во составот на Шпанија прв стрелец беше Фигуерас со осум погодоци, а шест постигна Сармиенто.