Унгарија со моќен старт во квалификациите за Олимписките игри

Селекцијата на Унгарија со победа ги стартуваше квалификациите за обезбедување место на Летните Олимписки игри во Токио. Унгарките беа убедливи и без никакви проблеми триумфираа против Казахстан со резултат 46:19.

Репрезентативките на Казахстан го имаа само почетното водство од 1:0. Од 5 минута па се до крајот на првиот дел ракометарките на Унгарија доминираа низ теренот, а резултатот на полувреме од 20:8 беше потврда за нивната одлична игра во одбраната и ефикасната реализација во нападот.

Во второто полувреме репрезентацијата на Унгарија со серија од 3-0 стигна до плус 13 разлика и веќе беше јасно дека Казахастан во преостанатиот дел ќе игра за достоен пораз. Унгарките од минута во минута ја зголемуваа разликата и до крајот стигнаа до плус 27 разлика.

Во Унгарија најефикасна со седум гола беше Викторија Лукач, шест додаде Катрин Клујбер. Во репрезентацијата на Казахстан се истакна Ирина Александрова со пет гола. Селекцијата на Унгарија ја очекува тежок натпревар во утрешниот ден бидејќи за противник ќе ја има селекцијата на Србија.