Унгарија добива убавица среде Будимпешта, ваква Арена нема во тој дел на Европа (ФОТО)

Домаќинот на Европското првенство во 2022 година, Унгарија (коорганизатор со Словачка) ќе добие вистинска убавица во која ќе се играат натпревари.

Унгарците градат сала која ќе биде мултифункционална, а ќе плени со својот изглед, но и со можноста во неа да се одржуваат натпревари во голем број на спортови.

Според она што се знае сега покрај натпревари во ракомет ќе може да се играат и други спортови во сала како: кошарка, одбојка, хокеј на трева, тенис, уметничко лизгање, но и коњички спортови. Секако Арената ќе биде одлична и за организирање на концерти.

Со ова Будимпешта добива сала каква што нема во близина и ќе биде прва од ваков вид.