Украински голман имал вистинска голгота при бегството од Запорожје – патувал дури 56 часа!

Украинскиот голман со словачки пасош Игор Чуприна, имал вистинска голгота при бегството од Запорожје.

Тој не беше дел од составот на Мотор Запорожје на мечот со Келце во Лигата на шампионите, но кога почна војната во Украина, на 25 февруари тргнал за Словачка.

По 56 часа пат со разни превозни средства, чуварот на мрежата безбедно стигнал во Прешов, каде живее неговото семејство.

Чуприна патувал со воз во петокот од Запорожје до Лвов, каде ја минал ноќта, а утредента со автомобил патувал до украинско-словачката граница, односно до селото Убла.

Таму морал да чека долго време, пред во неделата по два часа возење со автомобил од Убла до Прешов да стигне до крајната дестинација.

Чуприна долги години беше голман на Татран Прешов, пред да замине во рускиот Донски Козаки, од каде во јануари се пресели во Запорожје.