Турнир „Ѓорче Куп“: Домаќинот оди во финале, триумфираше против Бор

По одигрувањето на натпреварите од второто и третото коло од групната фаза, познати се сите двојки за натпреварите од последниот ден на турнирот „Ѓорче Петров“.

На второто издание на овој турнир, за трофејот ќе се борат домаќинот, екипата на Ѓорче Петров и српскиот тим Бекамент Буковичка Бања.

Избраничките на Симе Симовски славеа против српскиот тим Бор со 35-30 и го потврдија првото место во групата.

За третото место копјата ќе ги вкрстат Вардар и Борац Бања Лука, додека за петтото место ќе играат Овче Поле Славјански Универзитет и Бор.

„Ѓорче Куп“, распоред на натпревари:

26.08 (петок)

Ѓорче Петров – Вардар 32-27
Бекамент – Борац 37-28

27.08 (сабота)

Овче Поле СУ – Борац 28-38
Бор – Вардар 27-32
Овче Поле СУ – Бекамент 23-41
Ѓорче Петров – Бор 35-30

28.08 (недела)

10:00 часот, натпревар за петто место, Овче Поле СУ – Бор
18:00 часот, натпревар за трето место, Вардар – Борац Бања Лука
20:00 часот, финале, Ѓорче Петров – Бекамент