Турнир „Миле Нешкоски“: Трофејот за Дубочица, нај стрелец е Шокоски, а најдобар голман Ерманоски

Тимот на Дубочица од Лесковац е новиот освојувач на трофејот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржа седми пат во Прилеп.

Српскиот тим славеше во финалето против домаќинот Прилеп со убедливи 36-24, а победникот беше најавен уште по првиот дел, кога гостите водеа со 19-14.

Третото место го освои составот на Скопје, кој славеше против Струга со 23-21, додека петтото место е за ПАОК Солун по триумфот над Мулти Есенс со 31-28.

Најдобар голман на турнирот е Ѓорѓи Ерманоски од Мулти Есенс, најдобар стрелец е Давор Шокоски од Прилеп, додека МВП е левото крило на Дубочица, Марко Радуловиќ.

Тимот на Дубочица Лесковац е првата странска екипа го освојува турнирот, откако претходно двапати победник беше Еурофарм Пелистер, а по еднаш Охрид, Тиквеш, Пролет и Металург 2.