Турнир „Марко Божиновски“: Победнички старт за Вардар и Голден Арт

Денес со натпреварот меѓу Вардар и Бутел стартуваше првото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој е во организација на фондацијата „Марко Божиновски“ и кој традиционално ќе се игра во чест на прерано починатиот млад ракометар.

Екипата на Вардар беше победник во првиот дуел против Бутел, со резултат 37:22 (21:17), додека во вториот натпревар, во кој се сретнаа екипите на Голден Арт и Еурофарм Пелистер, подобра беше екипата на Голден Арт која триумфираше со шест гола разлика, 29:23 (15:12).

За утре е предвидено свеченото отворање, а во текот на утрешниот ден ќе се одиграат вкупно четири натпревари. Освен шесте кадетски екипи од Македонија, на турнирот учествуваат и кадетскиот тим на Војводина од Србија, односно Нексе Нашице од Хрватска.

Во продолжение може да го погледнете и комплетниот распоред за наредните денови.

Група А: Војводина, Пролет, Вардар, Бутел Скопје
Група Б: Нексе, Алкалоид, Голден Арт, Еурофарм Пелистер

15 јуни
09:30 Војводина – Бутел
11:00 Пролет – Вардар
16:45 официјално отворање
17:30 Нексе Нашиице – Еурофарм Пелистер
19:00 Алкалоид – Голден Арт

16 јуни
09:30 Нексе Нашице – Голден Арт
11:00 Алкалоид – Еурофарм Пелистер
17:30 Војводина – Вардар
19:00 Пролет – Бутел

17 јуни
09:00 Војводина – Пролет
10:30 Нексе Нашице – Алкалоид
13:00 Натпревар за 7 место (А4 – Б4)
14:30 Натпревар за 5 место (А3 – Б3)
16:00 Натпревар за 3 место (А2 – Б2)
18:00 Натпревар за 1 место (А1 – Б1)
20:30 Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турнирот.