Турнир „Марко Божиновски“: Голден Арт пресилен за Алкалоид, против Нексе ќе се бори за финале

Денеска се одиграа четири натпревари на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ што се игра во чест на прерано починатиот ракометар.

На вториот ден од меморијалниот турнир, победа остварија кадетските екипи на Војводина, Пролет, Нексе Нашице и Голден Арт.

Во првиот денешен натпревар, во кој се сретнаа екипите на Војводина и Бутел, победа оствари екипата од Србија, која триумфираше против кадетскиот тим на Дарко Јанев, со резултат 30:20 (19:6). Во својот прв натпревар на меморијалниот турнир, Пролет го совлада Вардар со пет гола разлика, 35:30 (13:13).

Втор пораз на турнирот доживеа Еурофарм Пелистер, кој во дуелот против Нексе од Нашице беше убедливо поразен со 14 гола разлика, 39:25 (19:13). Втора победа на турнирот оствари екипата на Голден Арт. Избраниците на Филип Глигоров го совладаа Алкалоид со 31:23 (14:10).

Во продолжение може да го погледнете и комплетниот распоред за наредните денови.

Група А: Војводина, Пролет, Вардар, Бутел Скопје
Група Б: Нексе, Алкалоид, Голден Арт, Еурофарм Пелистер

16 јуни
09:30 Нексе Нашице – Голден Арт
11:00 Алкалоид – Еурофарм Пелистер
17:30 Војводина – Вардар
19:00 Пролет – Бутел

17 јуни
09:00 Војводина – Пролет
10:30 Нексе Нашице – Алкалоид
13:00 Натпревар за 7 место (А4 – Б4)
14:30 Натпревар за 5 место (А3 – Б3)
16:00 Натпревар за 3 место (А2 – Б2)
18:00 Натпревар за 1 место (А1 – Б1)
20:30 Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турнирот.