Турнир „Марко Божиновски“: Голден Арт брка финале, Вардар ќе се соочи со Војводина (ЛИНКОВИ)

Денеска е третиот ден од меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој е посветен на прерано починатиот ракометар.

Тимот на Голден Арт во дуелот со хрватскиот Нексе Нашице ќе се бори за прво место во групата и пласман во финале.

Вардар ќе игра со српската Војводина, Бутел Скопје оди на мегдан на Пролет, додека Алкалоид ќе се соочи со Еурофарм Пелистер.

Група А: Војводина, Пролет, Вардар, Бутел Скопје
Група Б: Нексе, Алкалоид, Голден Арт, Еурофарм Пелистер

16 јуни
09:30 Нексе Нашице – Голден Арт
11:00 Алкалоид – Еурофарм Пелистер
18:30 Војводина – Вардар
20:00 Пролет – Бутел

17 јуни
09:00 Војводина – Пролет
10:30 Нексе Нашице – Алкалоид
13:00 Натпревар за 7 место (А4 – Б4)
14:30 Натпревар за 5 место (А3 – Б3)
16:00 Натпревар за 3 место (А2 – Б2)
18:00 Натпревар за 1 место (А1 – Б1)
20:30 Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турнирот