Турнир „Марко Божиновски“: Бутел со триумф над Пролет, Војводина и Нексе на чекор до финале

На третиот ден од меморијалниот турнир „Марко Божиновски“ се одиграа четири натпревари, а победа остварија кадетските екипи на Бутел, Војводина, Нексе и Алкалоид.

Во рамки од Групата А, Бутел дојде до победа против Пролет со 36:32 (16:16). Кадетската екипа на Војводина без многу проблеми триумфираше против Вардар, 41:26 (24:11) и се наоѓа на добар пат да обезбеди финале на првото издание од  меморијалниот турнир, кој се игра во чест на прерано починатиот ракометар.

Во натпревар за првото место во Групата Б, Нексе Нашице го совлада Голден Арт, со резултат 34:30 (18:17). Во истата група, Алкалоид беше подобар од Еурофарм Пелистер со еден гол разлика, 31:30 (15:16). За младите „фармацевти“ поразот од Алкалоид беше трет во низа. Претставникот од Нашице на свое конто има две победи и исто како Војводина, има големи шанси да обезбеди пласман во финалето.

Во продолжение може да го погледнете распоредот за утрешниот ден, на кој ќе се одиграат и завршните натпревари, односно натпреварите за 1,3,5 и 7 место.

Група А: Војводина, Пролет, Вардар, Бутел Скопје
Група Б: Нексе, Алкалоид, Голден Арт, Еурофарм Пелистер

17 јуни
09:00 Војводина – Пролет
10:30 Нексе Нашице – Алкалоид
13:00 Натпревар за 7 место (А4 – Б4)
14:30 Натпревар за 5 место (А3 – Б3)
16:00 Натпревар за 3 место (А2 – Б2)
18:00 Натпревар за 1 место (А1 – Б1)
20:30 Церемонија на доделување на пехари, медали и избор на најдобар голман, стрелец и играч на турнир.