ТУКА СЕ ЗА ДА СИ ПОМОГНАТ: Цел медицински тим на ракометарите во служба на ФФМ и Елмас!

Четири години физиотерапевтот Димитар Маневски беше дел и од медицинскиот тим на машката ракометна репрезентација на Македонија.

Од тоа искуство има само убави зборови и сеќавања, а момент кој особено му оставил впечаток е големината на првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов и неговата љубов кон спортот воопшто.

“Имам само пофални зборови за тоа искуство и можам да кажам дека претседателот Мукаетов прави сè за играчите и за репрезентацијата, што и да се побара – тој го остварува. Кога Раул ме зеде во репрезентацијата во 2018 година имав еден разговор со претседателот по кој беа купени најсовремени медицински апарати за националниот тим. Паметам во тоа време, една Федерација како ФФМ ја немаше таа опрема. А, колку е Мукаетов човек од спортот најдобро зборува тоа дека при една ЕХФ недела, во која само трениравме (немавме пријателски натпревари) целиот медицински тим и таа опрема се ставија на располагање на фудбалската репрезентација. Фудбалерите истовремено играа некој квалификациски двомеч. Се повредува Елиф Елмас и моите пријатели од медицинскиот тим на ФФМ ме прашуваат за помош дали може да интервенираме со апаратите кои РФМ ги има на располагање. Во договор со претседателот Мукаетов и селекторот Раул добив дозвола и цела медицинска служба беше ставена во служба на колегите од ФФМ и за неколку дена помогнавме Елмас да може да заигра”, се потсетува Димитар Маневски.

Во продолжение прочитајте го интервјуто со Маневски…

ИНТЕРВЈУ ДИМИТАР МАНЕВСКИ: Во соблекувалната се “бориме” за играчите, исто како што тие се борат на теренот!