Тројца ракометари од денеска се рекордери

Со настапот на дуелот против Украина вечерва тројца ракометари ќе останат осамени на врвот на листата на играчи со најголем број на настапи во дресот на Македонија на европските првенства.

Дејан Манасков, Борко Ристовски и Стојанче Стоилов денеска го играат мечот број 26 со што зад себе ќе би остават Ацо Јоноски, Филип Миркуловски и Кирил Лазаров за кого денешниот меч е број 25 на ЕП.

Ова се ракометарите кои досега забележаа најмногу игри од 2012 година досега, а јасно е дека некои од нив и понатаму ќе бележат настапи и ќе ги зголемуваат натпреварите за Македонија на европските првенства.