Трифун Костовски објави колку пари вложил во македонскиот спорт

Поранешниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Трифун Костовски, на својот Фејсбук профил, објави колку пари вложил во спортот за 15 години.

Во периодот од 1993 година, кога неговата компанија Кометал, влезе во ракометниот клуб Ѓорче Петров, до 2008 година, Костовски вложил повеќе од 25.000.000 евра.

Покрај во ракометниот клуб Ѓорче Петров, Костовски вложуваше и во други спортски колективи. Тоа беше машкиот ракометен клуб Пелистер, кога со додавката овој клуб стана шампион на Македонија во 2005 година.

Костовски беше спонзор и на фудбалскиот клуб Работнички, беше дел и од Вардар, а исто така и во женскиот одбојкарски клуб Кометал Студент, кој исто така настапуваше во европските купови.

„Спортот буди детски емоции кај возрасните и не потсетува како се сака татковината. Трифун Костовски досега има вложено и донирано повеќе од 25.000.000 евра во македонскиот спорт. Дарувањето е чин на возвишеност“, стои во објавата на Костовски.

Најдолго време беше спонзор на женскиот ракометен клуб, со кој покрај многуте домашни трофеи, се искачи и на европскиот трон во 2002 година.