Триото Аугустдотир, Траустадотир и Троскелдотир ќе биде најопасно по македонскиот гол!

Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра најважниот натпревар на Светското првенство во Скопје.

Ривал е Исланд, кој дојде со вајлд-карта. Благодарение на Македонија која ја презема организацијата и доби директно место (иако како освојувач на ЕХФ шампионатот имаше пласман), Исланд како финалист на ЕХФ шампионатот беше прва резерва.

Најголемата опасност доаѓа од левата крилна позиција, од капитенот Лилја Аугустсдотир, која е капитен на Исланд и досега даде 25 гола.

Македонската одбрана треба на внимава и на средниот и десниот бек, Тина Траустадотир и Елин Торскелдотир. Тие двете постигнаа 15, односно 19 погодоци, но имаат и одлична реализација од над 70%.

Двете голманки на Исланд исто така имаа одлични партии. Гида Бјарнасен има 43 одбрани досега на 4 меча (47% успешност) и Ингун Бринјарсдотир има 12 (35% успешност).

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.