Трилер пресметка во Фленсбург, ПСЖ се спаси од пораз!

Ракометарите на Фленсбург и ПСЖ одиграа вистински дерби натпревар со цврста одбрана и голема борба. После 60 минути битка на теренот натпреварот заврши без победник 27:27.

ПСЖ ја имаше почетната предност, но откако Фленсбург во 13. миунта го презема водството успешно го одржуваше во продолжение. Ракометарите на Раул Гонзалес не дозволуваа противникот да се одлепи, а најголемото водство на домшниот тим беше 14:11.

На полувреме Фленсбург имаше само минимално водство откако ПСЖ во последните моменти од првиот дел успеа да ја намали негативата. После 30. минути игра беше 14:13. Продолжението донесе многу израмнет ракомет со често менување на водството.

Во последните десетина минути Фленсбург влезе со предност, Халд Јенсен погоди за повторно два предност во 55. минута. Хансен од пенал намали на 27:26, а потоа следуваа неуспешни напади на двете страни. Стеинс постигна гол за 27:27 што беше и конечен резултат за поделба на бодовите.

Хампус Ване беше прв стрелец во екипата на Фленсбург со седум погодоци, додека по четири гола постигнаа Семпер и Менсинг. За тимот на ПСЖ Микел Хнсен беше најефикасен со шест гола, Соле Сала и Стеинс погодија по петпати.