Трилер меч решен на пенали – Охрид и Пролет постигнаа 91 гол!

Кадетите на Охрид го освоија третото место на Ф4 турнирот од кадетската лига, кој денеска се одржува во СЦ „Билјанини Извори“ откако во натпревар со многу голови, дури 91, беа подобри од Тинекс по изведувањето на пенали, со резултат 46:45.

Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено, 40:40, додека на полувреме составот на Охрид имаше три гола предност, 21:18.

Пролет беше на чекор да го освои третото место и од Охрид да си замине со бронзен медал, но домаќините со гол во последната секунда од слободен удар се изборија за пенал продолженија.

Охриѓани во пенал серијата за нијанса беа подобри од нивните врсници од Пролет и заслужено се радуваа на освоеното трето место во годинешната сезона.

ДРАМА на Ф4 – Алкалоид преку пенал рулет до борба за титулата

Симјановски блескаше на голот, Бутел Скопје ќе се бори за трофеј во кадетската лига!