Трет странец во Кавадарци: Белорусинот Андреј Хапал потпиша за Тиквеш!

Новиот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци, го доби и четвртото засилување пред стартот на новата сезона.

По пивотот Пеце Ѓорѓиоски, средниот бек Душан Медиќ, десниот бек Вања Смиљаниќ, кавадарчани се засилија со десното крило Андреј Хапал.

Тој доаѓа од естонскиот тим Вилјанди Тулевик, чиј дрес го носеше во последните две години, откако си замина од Еурофарм Работник.

Брзото десно крило има 26 години, а претходно настапуваше за Викторија Минск и Кронон Гродно.