Тренерот на Мотор Запорожје со нова улога, стана и селектор на Литванија

Познатиот стратег, Гинтарас Савукинас, кој работи како тренер на тимот на Мотор Запорожје доби нова задача, па покрај клубот кој се натпреварува во Лигата на шампионите, тој во иднина ќе биде и селектор на репрезентацијата на Литванија.

Литванецот кој има 50 години со ова доби убава можност да ја предводи својата земја и вели дека е воодушевен од можноста да ја предводи селекцијата на својата земја.

„Воодушевен сум што ја добив оваа понуда и најважно за мене е тоа што мојата и визијата на Ракометната федерација на Литванија се совпаѓаат. Целите се долгорочни и сакам да одиме напред и да станеме постојани учесници на големите натпреварувања. Сега имаме планови за натпреварот против израл. Мораме да играме брз ракомет и да го следиме трендот во светот. Мора да работиме напорно и да бидеме активни во одбраната бидејќи тогаш има можности со брз контранапад да дојдеме до повеќе голови. Не смееме да се ослониме само на позициона игра“, вели Савукинас за својата визија.

Од Ракометната федерација потврдуваат дека тој бил првиот избор за селекторската позиција и се задоволни што успеале да се договорат така што сега останува само да се почне со работата и да се види како ќе функционираат ракометарите под водство на искусниот стручњак.