ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Чепиќ од Вецлар во АЕК, Фраде се враќа во Спортинг, Макуц до 2026 во Барса

  • Црногорскиот репрезентативец Радојица Чепиќ поради малата минутажа во бундеслигашот Вецлар ќе има нов клуб до крајот на сезоната. Тој се пресели во шампионатот на јужниот сосед на Македонија, во тимот на АЕК Атина.
  • Официјалниот сајт на францускиот тим Шамбре Турен објави дека се продолжени договорите со тренерот Матје Лафранши и капитенот на српската репрезентација, левиот бек Јована Стојиљковиќ до 2025 година.
  • Словенечкиот плејмејкер Домен Макуц, кој се поврзуваше со трансфер во данскиот Алборг, ќе остане во каталонскиот гигант Барселона. Тој се обврза на договор до 2026 година.
  • Поранешната германска репрезентативка Ким Наџинавичиус по седум сезони заминува од шампионот Битигхајм и ќе се пресели во тимот на Бенсхајм, за кој настапуваше од 2008 до 2011 година.
  • Францускиот второлигаш Саран објави дека голманот Јан Жанти е ново засилување за следната сезона. Договорот е потпишан само на една сезона, а негова замена во Лимож ќе биде Дино Славиќ.
  • Спортинг Лисабон ќе се засили на десната крилна позиција со членот на Нант, Педро Портела, кој по пет години настапи во Франција ќе се врати во татковината. Според „О Жого“, пред камбек во Спортинг исто така е кружниот напаѓач Луиш Фраде.