ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Ѕвезда донесе десен бек, Живковиќ во АЕК, португалско крило потпиша за Кокс

  • Десниот бек Милош Бујишиќ е петто засилување за тимот на Црвена Ѕвезда во летниот преоден рок. 33-годишниот Бујишиќ потекннува токму од овој клуб, а потоа играше за Рудар Костолац, Енозис, Нес Зиона, Хапоел Бер Шева и Хапоел Ле Зион.
  • Вицепрвакот на јужниот сосед, АЕК Атина, ангажираше нов играч пред стартот на сезоната. Станува збор за капитенот на Партизан, Немања Живковиќ, кој настапува на десната бековска позиција.
  • Францускиот вицепрвак Мец донесе ново засилување. Станува збор за 30-годишната ракометарка Ноеми Бартелеми, кој настапува на пивотменската позиција и доаѓа од Сен Аман.
  • Амбициозниот фински тим Кокс се засили со португалско десно крило, Њуно Сантос. Португалецот доаѓа од словачкиот првак Татран Прешов и потпиша договор на една сезона со Кокс.
  • Франуцскиот шампион Брест Бретањ донесе млада ракометарка во своите редови пред стартот на новата сезона. 18-годишната Елиза Теше, која игра на пивотменската позиција потпиша договор на две сезони, а доаѓа од Флери Луар.