ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Спортинг ги „врза“ Кошта до 2027, Коралес продолжи со Веспрем, ПИК Сегед донесе голман

  • Најкорисната ракометарка на последниот Ф4 во Лигата на шампионите, Маркета Јерабкова, на крајот од оваа сезона ќе си замине од европскиот шампион Вајперс Кристијансанд.
  • Официјалниот сајт на Спортинг Лисабон, објави дека се продолжение договорите со браќата Мартим и Франциско Кошта, како и со Салвадор Салвадор. Трите бисери на португалскиот ракомет ќе останат во татковината до 2027 година.
  • Швајцарскиот репрезентативеец Самуел Ројтлисбергер го продолжи договорот со бундеслигашот Штугарт до 2025 година. Во овој тим тој настапува од 2017 година, а досега настапи на 193 натпревари.
  • Унгарскиот првак ПИК Сегед го потврди трансферот на норвешкиот голман Емил Имсгард кој настапува за Елверум. Договорот е потпишан на три сезони и ќе стапи на сила на лето. Имсгард ќе формира дуо со Миклер, а ќе замине Алиловиќ.
  • По Цупара, Нилсон и Мае, нов договор со Веспрем потпиша и шпанскиот чувар на мрежата, Родриго Коралес. Новата соработка со Коралес ќе трае до летото 2026 година.
  • Данскиот репрезентативец Емил Јакобсен кој ја игра втората сезона во бундеслигашот Фленсбург потпиша нов договор. Левото крило се обврза на тригодишна соработка и ќе остане до 2026 година.