Унгарскиот Веспрем објави дека шведскиот кружен напаѓач Андреас Нилсон го продолжи договорот за уште две сезони, а соработката со Адриан Сипос нема да биде продолжена и тој си оди на лето.
Бундеслигашот Магдебург објави дека полскиот репрезентативец Пјотрр Храпковски, по шест сезони, на лето ќе си замине од кклубот. Тој освои трофеи во Лигата на Европа, Бундес лигата и на Супер Глоуб.
Сехалигашот Зенит од Санкт Петербург соопшти дека до крајот на сезоната е потпишана соработка со нигерискиот десен бек Ани Обина, кој досега го носеше дресот на Таганрог.
Амбициозната романска екипа Глорија Бистрица, продолжува со градењето на екипата за следната сезона. Најнови на листата кои потпишаа нови договори на една сезона се базилскиот пикер Тамирес Морена и левото крило од Хрватска, Паула Посавец.