ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Лајпциг го задржа Кристијансон, голман на Висла Плоцк се сели во Шпанија

  • Екипата на Лајпциг успеа во своите редови да го задржи десниот бек Виго Кристијансон. Исланѓанецот во бундеслигашот ќе остане најмалку до јули, 2027 години. Искусниот ракометар во оваа сезона е еден од најдобрите стрелци во Бундес лигата, на 23 натпревари постигна 135 погодоци. Сепак, нема да биде во можност да се натпреварува за најдобар стрелец бидејќи пред извесен период заработи повреда и ќе го пропушти остатокот од сезоната.
  • Еден од голманите во Висла Плоцк, Кристијан Витковски нема да го продолжи договорот со полскиот вицепрвак. Младиот голман, кој има 23 години, во следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик и ќе го брани голот на Бенидорм од Шпанија. Витковски со тимот од Асобал лигата потпиша двегодишен договор, со можност за продолжување на истиот доколку двете страни бидат задоволни од соработката.
  • Тимот на Баја Маре за следната сезона ги претстави новите три засилувања. Станува збор за средниот бек од Шведска, Амела Лумбек, потоа левото крило од Шпанија, Марија Гомез Да Коста и членката на Валчеа, Амалија Коман, која настапува на средната бековска позиција.
  • Репрезентативката на Холандија, Клаудија Ромпен во следната сезона ќе настапува за некогашниот европски гигант Виборг. 26-годишната голманка на Хорсенс потпиша договор на две сезони со нејзиниот нов клуб. Холанѓанката од 2017 година настапува во шампионатот на Данска. Својата кариера ја започна во Венло каде што настапуваше три сезони.