ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Иван Никчевиќ не оди во пензија, Загреб се ослободи од уште едно десно крило

  • Поранешниот српски репрезентативец Иван Никчевиќ, по три години во Спортинг Лисабон, се враќа во Шпанија и потпиша договор со тимот на Бенидорм. Искусното лево крило, за кое се претпоставуваше дека ќе оди во пензија, претходно играше за Алтеа, Портланд, Ваљадолид, Алмерија и Грањолерс, како и за полската Висла.
  • По девет години поминати во францускиот Мец, холандското лево крило Ајли Лусијано, иако имаше договор на уште една сезона, реши да ја заврши кариерата на 29 години.
  • Хрватскиот првак Загреб на крајот на минатата сезона имаше пет десни крила, а сега има само две. Никола Костески се пресели во Еурофарм Пелистер, Златко Хорват во Металург, а од екипата заминува и Јосип Ереш, кој ќе игра за германскиот Ферндорф. Во екипата на Вори остануваат Божиќ Павлетиќ и Матановиќ.
  • 30-годишниот среден бек Никлас Печковски, ја продолжи верноста кон бундеслигашот Лајпциг за уште една сезона. Плејмејкерот настапува за овој тим уште од 2016 година.
  • Српската ракометарка Јелена Терзиќ, која минатата сезона играше за Наиса Ниш, а претходно и за Јагодина, ќе го има првиот интернационален предизвик. Десниот бек потпиша за романскиот тим Корона Брашов.