ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Дворшек донесе „петел“ од Италија, Родригез останува во Франција

  • Исландскиот стратег Ерлингур Рикардсон потпиша нов договор со Ракометната Федерација на Холандија, кој ќе биде активен и во следните две години, односно до Европското првенство 2022 година.
  • Црногорскиот репрезентативец Филип Вујовиќ кој настапува во Асобал лигата, во следната сезона ќе има нов предизвик. Левото крило останува во Шпанија, но ќе игра за екипата на Нава.
  • Соиграчот на Костадин Петров од Гвадалахара, Чема Маркез, во иднина нема да игра во оваа екипа бидејќи не му беше продолжен договорот.
  • Капитенот на екипата на Некарсулмер, Луиза Вулф, го продолжи договорот и во следната сезона ќе игра во Бундес лигата.
  • Поранешната членка на Ростов Дон и ЧСМ Букурешт, Ана Паула Родригез, ќе остане во Франција. Бразилската репрезентативка пред половина година се пресели во Шамбре Турен, а таму ќе игра и понатаму откако продолжи на една сезона.
  • Финскиот тим Рихимаки Кокс, кој од пред една седмица го има Хрватот Борис Дворшек, го донесе првото засилување за следната сезона. Станува збор за Италијанецот Стефано Арчери, кој игра на левата бековска позиција и стана нов „петел“.
  • Десниот бек на чешката репрезентација Маркета Гурбихова, во следната сезона ќе игра за францускиот Сен Аман. Минатата година таа играше за полскиот Заглебје Лубин.
  • Голманката на полската репрезентација Вероника Гавлик и во новата сезона ќе биде член на шампионот Лублин. За овој клуб 33-годишната голманка игра од 2011 година.