ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Го нудеа во Вардар – но заврши во Романија, АЕК Атина го потврди Угалде

  • Двајца млади ракометари потпишаа први професиоанлни договори со францускиот Нант. Станува збор за левото крило Тибо Брие и левиот бек Баптист Деметрен, кои остануваат до 2023 година.
  • ЦСКА Моксва позајми две ракометарки на ривалот од рускиот шампионат Звезда Звенигород, a станува збор за голманката Полина Чаплина и левиот бек Лада Самоиленко.
  • Најдобриот стрелец и асистент во рускиот шампионaт оваа сезона, Роман Макришин, кој беше понуден на Вардар, ќе има нов предизвик. Левиот бек од Каустик Волгоград потпиша договор на две сезони со романскиот тим Фочани.
  • Шпанскиот лев бек Хуан Дел Арко, ја завршува француската авантура со настапите за Трембле и Лимож и се враќа во татковината, каде ќе го носи дресот на Хелветиа Анаитасуна.
  • Шведската репрезентативка Натали Хагман по една сезона го напушти данскиот Оденсе и потпиша договор со францускиот Нант. Таа беше најдобро десно крило на ОИ во 2016 година, а претходно играше за романскиот ЧСМ Букурешт.
  • Левиот бек на туниската репрезентација Мосбах Санаи по една сезона помината во ОАЕ и настапите за Ал Наср, се враќа на европско тло откако потпиша за Стеауа Букурешт. Претходно Санаи играше за францускиот Шамбери.
  • Поранешниот шпански репрезентативец Кристијан Угалде, потпиша договор на две години со амбициозниот грчки шампион АЕК Атина. По настапите за матичната Барселона, Веспрем и Хановер, ова ќе биде поинаков предизвик за левото крило.