ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Вечниот црногорски талент има нов клуб, Фет не е повеќе „лав“

  • Црногорската репрезентативка Ѓурѓина Маловиќ, која беше сметана за огромен талент, во новата сезона ќе има нов клуб. Станува збор за полскиот првак Лублин, а Маловиќ таму оди по неуспешните епизоди во Будуќност, Ференцварош и МТК.
  • Левиот бек на Рајн Некар Левен, Штефан Фет, во новата сезона ќе игра за друг бундеслигаш. Станува збор за тимот на Ерланген, а „лавовите“ на таа позиција веројатно ќе го добијат Лукас Нилсон од Кил.
  • Естонскиот репрезентативец Мат Патраил заминува од бундеслигашот Хановер, но се уште не е позната новата дестинација на левиот бек.
  • Хрватката Камила Мицијевиќ потпиша договор на две сезони со францускиот Мец. Левиот бек ќе биде замена за Германката Ксенија Смитс која оди во Битигхајм.
  • Францускиот лев бек Руди Сери, кој во минатата сезона играше за Бидасоа Ирун, потпиша договор на две години со Сесон Рен и се враќа во татковината.