ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Бонфон потпиша за Тулуз, Турченко оди во Финска, ЦСКА се раздели со пет ракометарки

  • Левиот бек Баптис Бонфон, кој сезоната ја започна во белорускиот Мешков Брест, а ја заврши во францускиот Ним, ќе има нов клуб во следата сезона. Бонфон потпиша за составот на Тулуз на една сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една.
  • Новиот тим во францускиот шампионат, Селеста, донесе три засилувања за нареднатта сезона. Покрај средниот бек Лукаш Гоголја од Горњик Забже и исландскиот голман Гретар Гудјонсон, за Селеста на една сезона потпиша и десното крило од Нексе, Иван Вида.
  • Левото крило на Војводона, Младен Шотиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата и ќе се пресели во шпанскиот Бенидорм. Шотиќ ќе го замени неговиот сонародник Иван Никчевиќ.
  • Синот на некогашниот македонски репрезентативец Сергеј Турченко, Дмитри Турченко, кој играше и за Прилеп, замина од естонскиот тим Вилјанди. Во новата сезона ќе ги брани боите на финскиот Сјундеа ИФ.
  • Динамо Панчево покрај Душко Челица, донесе уште две нови засилувања за претстојната сезона и предизвиците во српската лига. За тимот од Панчево потпишаа искусните голмани Обрад Ивезиќ и Немања Марјановиќ.
  • Рускиот вицепрвак ЦСКА Москва објави дека по крајот на сезоната се разделува со пет ракометарки. Станува збор за десното крило Марина Судакова која оди во ЧСМ Букурешт, пивотот Драгана Цвијиќ, која се сели во ФТЦ, левиот бек Полина Ведјохина оди во Астраханочка, десниот бек Валерија Маслова исто така во ЧСМ Букурешт, додека не е познат новиот клуб на голманката Ана Седојкина.