ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Бинго и Димулан во Трембле, Цакалу се сели во Германија

  • Левиот бек од Србија, Бојана Милиќ, која оваа сезона е членка на романскиот тим Дунареа Браила и игра заедно со Јована Саздовска, од лето ќе ги брани боите на Подравка Вегета.
  • Ангела Јанушевиќ исто така заминува од романскиот шампионат и во идната сезона ќе настапува за унгарскиот Шиофок, тимот од кој лани летоска се пресели во Глорија Бузау.
  • Францускиот кружен напаѓач Жереми Тото, го продолжи договорот со полскиот вицепрвак Висла Плоцк за уште една сезона. Оваа сезона тој одигра 24 меча и погоди 37 пати.
  • Германската репрезентативка Миа Чоке, која досега играше за Баел Леверкузен, во новата сезона ќе настапува за шампионот Борусија ДОртмунд. 22-годишната ракометарка потпиша договор на две сезони.
  • 31-годишниот плејмејкер Николас Пиечовски на лето заминува од составот на Лајпциг. Негов нов тим е бундеслигашот Минден, со кој потпиша договор на две сезони.
  • Унгарскиот тим ЕРД ја продолжи соработката со тренерот Роланд Хорват, а како засилување доаѓа талентираната српска ракометарка Александра Вукајловиќ, кој досега играше за Дебрецен.
  • Плејмејкерот на репрезентацијата на Исланд, Елвар Јонсон, во следната сезона ќе настапува во Бундеслигата и ќе го носи дресот на Мелсунген. Јонсон досега играше во данскиот Скјерн.
  • Полската репрезентативка Паулина Масна заминува од романскиот Клуж и во новата сезона ќе биде ракометарка на шампионот во нејзината татковина, Лублин, со кој потпиша договор на две сеозни.
  • Тимот на Трембле се пофали со две звучни засилувања. Членот на Спортинг Лисабон, Арно Бинго се враќа во тимот каде ги имаше најдобрите моменти во кариерата и потпиша договор на две години, а од Нант доаѓа голманот Сирил Димулан кој се обврза на тригодишна верност.
  • Чешката репрезентативка Ивета Корешова изненадувачки заминува од германскиот Турингер и се враќа во татковината, каде што ќе го носи дресот на шампионот Бањик Мост. За германскиот клуб Корешова играше од 2013 година.
  • Грчката репрезентативка Ламприни Цакалу заминува од хрватскиот првак Подравка и во новата сезона ќе биде членка на германскиот Турингер. По Крим и Подравка, овој клуб ќе биде трета станица во нејзината кариера.