Тото: Нема кој да ме научи да готвам македонски јадења

Францускиот интернационалец Жереми Тото е еден од најдобрите играчи на Вардар во досегашниот дел од сезоната.

Тој не отскокнува од својата генерација – сака филмови и книги, активен е на социјалните мрежи, а исто така сака и да готви, но откри дека нема кој да го научи да готви македонски јадења.

„Имам девојка во Париз, која поради работните обврски не може да биде со мене во Скопје. Во слободно време сакам да гледам филмови (се смета за филмофил), да читам книги, најчесто филозофија и психологија, но не ми оди во последно време (се смее). Почнав три книги да читам и не ги имам завршено. Сакам и да готвам. Уште не знам да подготвам македонско јадење затоа што нема кој да ме научи. (се смее) Но затоа без проблем ја дегустирам македонската трпеза, а најмногу ми се допаѓа бурек. Сакам и да патувам, да истражувам, па дури и да сум сам на патувањето. Се обидов да научам и македонски малку, најдобро ми оди со пцовките (се смее). Разбирам нешто кога зборувате, но не знам да одговорам. Почнав да учам, но со оглед на тоа дека нема да останам во Вардар престанав.“

Целото интервју може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЖЕРЕМИ ТОТО: Со Дејвис сонуваме за Ф4, не тера да веруваме дека нема лимит!