Тор Акурејри со нов триумф, Јагуриновски го наполни голот на Хордур

Екипата на Тор Акурејри за која настапува Томислав Јагуриновски, а тренер е Стевче Алушовски дојде до победа од 31:30 против Хордур кој е директен ривал за една од позициите кои водат во повисок ранг или во разигрување.

Тор Акрејри на овој дуел беше без Алушовски на клупата кој мора да одработи суспензија после црвениот картон во претходното коло, но момците беа одлично подготвени и спроведоа на дело сè што се имаа договорено.

Јагуриновски имаше одлична партија. Тој го наполни голот на противникот и постигна 12 гола, но потоа поради протест кон судиите заработи црвен картон.

Со новите бодови тимот на Тор Акурејри е цврсто на 4. позиција со четири бода помалку од лидерот ИР. Фјолнир и Хордур кои се на 2. и 3. место имаат два бода повеќе од Тор Акурејри, па после паузата која трае до 15 јануари сигурно ќе има што да се покаже на теренот и може да се очекуваат уште подобри резултати од тимот на Алушовски и Јагуриновски.