Томче Петрески останува во Франција, но ќе работи во машки клуб

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Томче Петрески, и во следната сезона ќе ја извршува тренерска функција во Франција.

Искусниот тренер од Македонија повторно ќе предводи машки клуб откако раководството на амбициозниот проект на Ла Кро објави дека Петрески од следната сезона ќе биде нов тренер на екипата.

Петрески оваа сезона го предводеше женскиот второлигаш Кан. Во овој клуб пристигна од суперлигашот Тиквеш. Во последните години беше тренер на екипите на Прилеп, Младост, Тиквеш, како и на машкиот и женскиот тим на Пелистер.

Петрески својата играчка кариера ја започна во Прилеп, потоа играше во Пелистер, Пролетер Зрењанин пред да замине за Франција каде што блескаше цела една деценија.