Томовски пак ќе има словенечко друштво на голот на Лудвигсхафен

Тимот на Лудвигсхафен, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, го продолжи договорот со еден од чуварите на мрежата.

Словенечкиот ветеран Горазд Шкоф, кој лани се подготвуваше за пензија, сепак ќе игра најмалку уште една година, откако ја продолжи соработката со Лудвигсхафен.

Томовски и Шкоф лани функционираа одлично, а нашиот голман одново ќе има голема минутажа на голот на „бувовите“.

Третиот голман Стефан Ханеман, ќе мора да си бара нова средина за следната сезона.