Томовски одличен – но Лудвигсхафен загуби, пораз и за Пешевски

Двајца македонски репрезентативци имаа настап со своите клубови во 7. коло од Бундес лигата. Мартин Томовски со Лудвигсхафен гостуваше кај Нордхорн, а Жарко Пешевски со Штутгарт кај Ерланген.

И двајцата македонски претставници беа поразени. Мартин Томовски имаше одлично издание на голот на Лудвигсхафен, собра вкупно десет интервенции но не спречи пораз на својот тим.

Клучно за поразот беше првото полувреме кога Лудвигсхафен имаше висока негатива од 15:7. Во продолжението имаа подобро издание но немаа сили за целосен пресврт, само го ублажија поразот.

Жарко Пешевски немаше учинок на денешниот натпревар на Штутгарт, а неговиот тим беше поразен убедливо со 34:25 од Ерланген. Штутгарт добро се држеше во првиот дел, резулататот беше израмнет 16:16. Во вториот дел доминираше една екипа и на крајот заслужено триумфираше Ерланген.