Томовски и Лудвисхафен повторно во акција (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски и неговиот клуб Лудвигсхафен ги започнаа подготовките за новата сезона.

Томовски како и лани ќе биде во друштво на словенечкиот ветеран Горазд Шкоф, но се очекува токму нашиот чувар на мрежата да добие поголема минутажа и да биде прв голман.

Лудвисхафен беше претпоследен на табелата во прекинатата сезона од Бундес лигата, но имаше големи шанси за опстанок.