Томислав Јагуриновски промовиран на Исланд (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски беше промовиран од исландскиот Тор Акурејри. Десниот бек од Вардар замина на Исланд во тимот на Стевче Алушовски и ќе се обиде да му помогне во обидот за камбек во елитата.

Амбициите на клубот се враќање во Првата лига, и веќе се работи на зголемување на конкуренцијата. Алушовски ги знае квалитетите на Јагуриновски и токму затоа инсистираше да го доведе на Исланд.

Клубовите се договорија за обештетување, а Јагуриновски на Исланд ќе остане најмалку до крајот на сезоната, со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона ако двете страни се задоволни.

Тор стартуваше со триумф во новата сезона, а потоа доживеа два порази. Следен предизвик за тимот на Алушовски и Јагуриновски ќе биде дуелот со Алтурендинг на домашен терен.