Толку беше од Вардар и Скопје – Скубе се врати дома! (ФОТО)

Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе и покрај тоа што не е официјално потврдена најавата дека нема да се играат осминафиналните дуели меѓу Вардар и ПИК Сегед, си замина од Скопје.

Со оглед на тоа што и во македонската Суперлига нема да има натпревари до крајот на оваа сезона, Скубе добил дозвола од Вардар да си замине порано од предвиденото.

Средниот бек со семејството веќе се наоѓа во Словенија и таму ќе го минува времето пред да ги започне подготовките со новиот негов тим Брест Мешков во јули.

Скубе дојде во Вардар пред две сезони, освои титула во СЕХА лигата, како и во Лигата на шампионите, а догодина можно е да не биде дел од елитното натпреварување, ако Мешков не добие вајлд-карта од ЕХФ.