Тимур и Кара…кога ќе се сретнат двајца добри, стари и искрени пријатели (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар загуби од полскиот првак Келце со 29-33 во натпревар од седмото коло во Лигата на шампионите.

Поранешниот вардарец Игор Карачиќ вторпат гостува во Скопје како член на Келце. Ако лани со него тимот освои бод, оваа сезона се израдува на победа.

Карачиќ во Скопје мина седум години, од кои шест играше заедно со легендарниот Тимур Дибиров.

Русинот со македонски пасош по натпреварот со искрена прегратка му честита на поранешниот соиграч за триумфот…