Тимур Дибиров дебитираше за Загреб

Хрватскиот шампион Загреб го одигра првиот пријателски натпревар против Борац Бања Лука пред стартот на новата сезона.

За „плинарите“ во триумфот со 42-24 дебитираше и некогашниот вардарец Тимур Дибиров, кој стрелаше шест пати во мрежата на босанскиот тим.

Најдобар стрелец беше Един Килс со седум гола, додека покрај Дибиров и десното крило Владо Матановиќ даде уште шест.

Загреб сега го чекат четвртфинале од СЕХА лигата против Војводина, пред настапите на турнирите во Татабања и Добој.